Зеленски: Иранските дронови се симбол на воениот и политичкиот банкрот на Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа рече дека иранските дронови се симбол на воениот и политичкиот банкрот на Русија.

Тој смета дека иранските беспилотна летала кои Москва масовно ги користеше во последните денови за напад на украинската енергетска инфраструктура се симбол „на боениот и политичкиот банкрот“ на руските војници.

„Самиот факт што Русија го повикува Иран на помош претставува признавање на воениот и политичкикот банкрот на Кремљ“, рече Зеленски во своето обраќање на социјалните мрежи.

Украинските власти соопштија во понеделникот дека Киев го напаѓаат ирански беспилотни летала.