Венко Филипче – министерот за здравство рече дека не треба да се прават дополнителни рестрикции, ниту поради Омикрон сојот на Ковид-19, ниту поради кој било друг сој.
„Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки. Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни“ – изјави Филипче.
Тој смета дека олеснување за следниот министер за здравство е тоа што нема голем број пациенти во ковид-центрите.
„Замислете да имаше огромен број пациенти и преоптоварени ковид-центри. Сега ковид-центрите не се полни зошто нема пациенти, нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје, ниту ширум државата. Во огромен број од инфективните одделенија практично нема хоспитализирани“ – рече Филипче.