Претседателот на СДСМ вечерва ќе ги соопшти имињата на најтесното раководството на партија од кои дел од нив ќе бидат и во новата Влада.
Очекувањата се и дека ЦО ќе избере и ново партиско раководство, што би значело нов состав на Извршниот одбор, како и нови потпретседатели и секретари на партијата, по предлог на наследникот на Зоран Заев на „Бихаќка“ – Димитар Ковачевски.
Ковачевски претходно најави дека во актуелниот состав на ЦО ќе кооптираат нови членови, како можност што му ја дозволува партискиот Статут.
За нов генерален секретар на партијата се очекува да биде именуван Миле Зечевиќ, а заменик-претседателската Сања Лукаревска, пак, се очекува да ја задржи функцијата.
Во јавноста изминативе денови се шпекулираше и со имиња кои ќе влезат во Извршниот одбор, како и оние кои би ги зазеле потпретседателските места, но дали истите ќе бидат потврдени – ќе се знае по вечерашната седница во партиското седиште.