Гонзало Игуаин го одигра последиот меч во кариерата

Американскиот тим Интер Мајами синоќа беше поразен од Њујорк Сити, а тоа беше последниот натпревар во кариерата на аргентинскиот фудбалер Гонзало Игуаин (34).

„Мојот сон заврши. Се чувствувам како да завршува она што најмногу го сакам. Тоа беше половина од мојот живот, мојата кариера, 17 и пол години. Низ глава ми поминаа слики од целата моја кариера, каде живеев, што правев, што доживеав. Среќен заминувам затоа што дадов сè од себе до денес. Сонот заврши и започнува друг живот“ – изјави Игуаин по мечот.

Аргентинскиот ас своето пензионирање го најави пред неколку седмици, но не успеа да стигне до последниот трофеј во кариерата.

Игуаин ја започна својата кариера во Ривер Плата пред да се прослави во Реал Мадрид, Наполи и Јувентус.

Во Интер Мајами се пресели во 2020. Тој постигна преку 300 гола во својата клупска кариера, од кои 31 за „Гауќосите“.