Земјотрес од 6,4 степени го погоди брегот на Централна Америка

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Централна Америка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од два километри, објаснуваат од ЕССЦ.

Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од особено високи бранови.

Според американскиот геолошки институт, земјотресот бил со јачина од 6,7 степени и е регистриран во близина на брегот на Еквадор. Според нив, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на околу 635 километри североисточно од градот Пуерто Бакеризо Морено, со 4.200 жители.