Илон Маск, најбогатиот човек во светот и основачот на SpaceX, се предомислил околу неодамнешната одлука повеќе да не финансира интернет за Украинците преку неговиот систем Старлинк, објави на Твитер.
„И по ѓаволите… иако Старлинк продолжува да губи пари, а другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние ќе продолжиме да ја финансираме украинската влада бесплатно“ – напиша Маск.
The hell with it … even though Starlink is still losing money & other companies are getting billions of taxpayer $, we’ll just keep funding Ukraine govt for free
— Elon Musk (@elonmusk) October 15, 2022
Маск пред неколку дена изјави дека неговата компанија SpaceX не може бесконечно да го финансира интернет сервисот Старлинк во Украина, ниту да испрати уште неколку илјади терминали во таа земја, па побара од Пентагон да се вклучи во донациите.
SpaceX не бара надоместок за досегашните трошоци, но исто така не може неограничено да го финансира постоечкиот систем, ниту може да испрати уште неколку илјади терминали, кои имаат до 100 пати поголем капацитет за податоци од типичните домаќинства. Тоа е неразумно, објави Маск на Твитер.
Тој го активираше сервисот Старлинк во Украина кон крајот на февруари, откако интернет услугите во земјата беа прекинати поради руската агресија. Оттогаш SpaceX донираше илјадници терминали.