Стојановски: Руските бизнисмени ја сметаат Македонија за солиден терен за нивните бизниси

Заменикот главен и одговорен уредник во неделникот Фокус, новинарот Влатко Стојановски вели дека руската пенетрација кај нас е главна тема, особено со избувнувањето на конфликтот. Во соседна Србија, руското влијание е големо и тоа се должи зошто државата не се приклучила кон санкциите.

„Фирмите таму можеа да се преструктуираат и да продолжат да работат со клиенти без да трпат штети од санкциите. Ист број на фирми имаше и во Црна Гора, а таа е земја кандидат на ЕУ и членка на НАТО и се приклучи кон санкциите кои сукцесивно се изрекуваат кон Русија. Ние дојдовме до податоци дека кај нас има над 80 фирми во чија сопственичка структура има сопственици кои се или фирми со седиште во Русија или има содружници кои се руски државјани“ – вели Стојановски.

Мора да се потенцира дека реалниот број на овие фирми е поголем, затоа што многу фирми со руски капитал дејствуваат преку трети земји кои важат за класични оф-шор земји или за специфични јурисдикции кои овозможуваат даночни и друг тип на финансиски олеснувања.

„Откривме дека има одреден број на руски фирми кои се формирани и по избувнување на војната во Украина и тој број не е голем како во Србија и Црна Гора. Овие фирми постојат, и Македонија, покрај нејзиното позиционирање против воената агресија, многу руски бизнисмени ја сметаат како солиден терен за нивните бизниси“ – вели Стојановски.