Се сруши висечки мост во Србија, двајца загинати

Две лица загинаа, а голем број се повредени денеска нешто пред 12 часот во Овчар Бања при уривање на пешачкиот мост над Западна Морава, по кој поминувале туристи од Зворник, од Република Српска.

Очигледно, по симнувањето од автобусот, туристите веднаш се упатиле кон мостот, а таму немало никој да ги предупреди за правилото кое малкумина го знаеле, пренесува агенцијата РИНА.

Мештаните и туристите го користеле со обврска мостот, истиот никогаш да не биде преоптоварен, односно на него никогаш немало повеќе од две или три лица, држејќи се на растојание.

Туристите не биле свесни за големата опасност бидејќи пред мостот немало предупредување дека мостот не е во функција, јавува агенцијата.

Евакуацијата на луѓето е во тек, брзата помош е на терен.

Пешачкиот мост е во близина на манастир.