Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 278 тестови, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 24, Велес – 2, Куманово и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се 7 реинфекции.
Регистрирани сe 39 оздравени пациенти од: Скопје– 22, Прилеп- 5, Куманово- 4, Битола– 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино– по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.174.919 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.