Денеска околу пладне била искршена таблата од бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, објави порталот „Охрид1“.
Случајот го потврдил портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој рекол дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.
„Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот“ рече Димоски.