Целата Влада и премиерот Заев се во оставка, што е голема штета. Многумина се чувствуваат дека загубивме 5 години, во ништо.
Се случи промена на името, членство во НАТО, се случи најголема корупција, полошо од времето на Груевски. Се случи договор со Бугарија, не знаеме дали ќе станеме Бугари, Грци, Срби.
Многу ветувања, многу надежи – бенефиции, не плаќаме радиодифузна такса.
Ќе имаме нов премиер, некој Емил Димитриев, ама без коса.
Заминаа Шекеринска, Царовска, Филипче.
Го пуштија Мијалков, па го вратија – како спортски риболов.
Реформи, недела неработен ден, освен за тие што ќе работат во 23 сектори. Среќен неработен ден за администрацијата.
Се гледаме после Нова Година, на поскапа струја.