Универзитетскиот професор Илија Ацевски во Трининг истакна дека недостигот на работници во земјата се должи на корупцијата пред се, невработеноста кај младите и неефикасноста на институциите се главните виновници за состојбата.
– Таа брза партиска променливост во институциите кои се под ингеренции на владата и сево голема мера партизирани. Ги знаат проблемите, но малку има пристап како да се реши проблемот. Во системот на образованието, се покажало дека младите се многу незадоволни, се нема верба во институциите, што значи дека таа не си ја врши работата. – вели професор Ацевски.
Младите во малите градови, бегаат надвор, во Скопоје или странство и таму многу малку прават програма во однос на образованието. Во некои дејности недостига работа сила, но таа ќе дојде од посиромашните земји. Македонија е дестинација која може да помуди пристоен живот за оние од посиромашните земји. Ние сме дел од Европа и така млади тоа и го доживуваат.
– Не може да немате никаква релација помеѓу стопанство и економија и високо образование, тоа е погубно. Тука е тоа разочарување и недоверба во институцијата, вели Ацевски.