Иран и протестите: Си ја потстрижуваат косата во знак на поддршка на демонстрантите

Назанин Загари-Радклиф, Британка со иранско потекло, ја потстрижува косата во знак на солидарност со демонстрантите во Иран. Таа помина шест години во ирански затвор.

Во Иран веќе две недели траат протести по веста дека млада жена починала во полициски притвор откако била приведена бидејќи наводно не ја покривала главата со хиџаб (шал) на пропишан начин.

Нејзиното семејство тврди дека била претепана од полицијата, а потоа паднала во кома и починала.

Иранските власти категорично ги негираа тврдењата.

Од организацијата Човекови права во Иран, со седиште во Норвешка, беше соопштено дека иранските безбедносни сили досега убиле најмалку 76 демонстранти на протестите ширум земјата.

Државните медиуми пренесуваат бројка од 41, меѓу кои има и неколку безбедносни лица, а за се ги обвинуваат „бунтовниците“.

Уапсени се стотици луѓе.