Утре ќе биде објавен пакетот кризни мерки за граѓаните и фирмите?
Доцни помошта за граѓаните и стопанството. Иако најавена за оваа недела, министерот Бектеши вели дека се уште се анализира какви и за кого ќе бидат наменети мерките. Ќе се поддржат најранливите категории граѓани и фирмите на кои навистина им треба, како хотелиерити и угостителите, кои најавија затворање поради високите сметки за струја. За казината, рудниците и банките, кои добро заработивале и во време на криза, нема да има помош.
За граѓаните се прават мерки и кога ќе бидат готови ќе ги соопштиме. Тоа ќе биде почетокот на нареднатата или крајот на наредната недела, значи некаде октомври, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
За да се заштити стандардот на граѓаните од секојдневниот раст на цените на прехранбените производи Бектеши најави можност за замрзнување на цените. Но прво треба да се изгласа Законот за заштита на потрошувачите, со кој ќе се зголемат ингеренциите на инспекторите. Потоа тие ќе проверуваат дали производителите или трговците профитираат и ги качуваат цените неоправдано.
Експртите веќе алармираа дека мерката замрзнување на маржите нема да го даде очекуваниот ефект. За да се заузда инфалцијата, неопходно е замрзнување на цените, затоа што домашните производи најмноагу поскапеле. Замрзнати цени на дел од основните прехранбени производи веќе имаат Албанија, Србија и Хрватска. Денеска еден од најголемите супермаркети, хрватски Конзум најави дека до крајот на годината нема да ги менува цените на 100те основни производи од потрошувачката кошница. Велат е да им помогне од граѓаните да го заштити нивниот стандард од енормните поскапувања.