Извршниот директор на кинеската служба за клонирање на домашни миленици „Синоген“ го обелоденил овој успех, наведувајќи дека за прв пат успешно клонирале арктички волк.
„Првиот клониран арктички волк на светот е роден пред сто дена. Организиравме прес-конференција за да ве известиме за овој важен потфат и исчекор во областа на заштитата и одгледувањето на загрозените диви животински видови“, навел тој.
Волкот по име Маја е со добро здравје, а лидерите на компанијата истакнуваат дека ова е голем успех и исчекор во заштитата и спасувањето на загрозените видови, чиј број за жал се почесто расте.