Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порача дека е речиси сигурен дека западните сили ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации.
„За тоа е потребно двотретинско мнозинство. Србија за тоа нема да гласа“ – рече тој.
Според него, тоа би било уривање на постоечкиот меѓународен поредок.
„За тоа им е потребно Кина да биде воздржана, или да не вложи вето. Тоа не е ни далеку, ни невозможно и на големо се разработуваат планови по тоа прашање. И за нас е тоа катастрофа, барем што се однесува на Косово и Метохија. Тешко време и големо бреме е пред нас“ – истакна Вучиќ.