Во Шпанија запленети 14 тони хашиш, уапсени 49 лица

Шпанската цивилна гарда денеска заплени 14 тони хашиш од Мароко и уапси 49 лица осомничени за шверц на оваа дрога, пренесува АП.

Се претпоставува дека уапсените припаѓаат на најголемата криминална група во Шпанија која се занимава со шверц на хашиш и дека секој месец преку граница пренесуваат и до 20 тони дрога.

Шверцерите биле добро организирани и поседувале брзи моторни чамци, големи залихи на гориво и храна, се вели во соопштението на полицијата.