Берлускони: Путин беше принуден да ја окупира Украина

Силвио Берлускони – поранешниот италијански премиер кој го посети Крим со Владимир Путин откако Русија го анектираше во 2014 година, смета дека Русите и блиските соработници го „натерале“ Путин да ја окупира Украина.

„Путин се најде во навистина тешка и драматична ситуација“, рече шефот на Форца Италија кој ќе учествува на парламентарните избори в недела.

Анкетите покажуваат дека тие три партии треба да победат на изборите.

„Делегацијата на двете проруски републики во Донбас дојде во Москва, каде разговараше со претставници на радио, весници, телевизија, со луѓе и министри од партијата на Путин, а во разговорот со него му рекоа: Зеленски има засилени напади врз нашите сили на нашата граница. Сега имаме 16.000 мртви. Ве молиме заштитете не, инаку не знаеме што ќе се случи со нас“, рече тој.