Иницијативата Отворен Балкан е органска иницијатива на Србија, Албанија и Северна Македонија, економски сојуз изграде врз европски принципи, рече во предавањето на Универзитет Колумбија македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
„Тоа не е политички сојуз, туку е економски сојуз и во суштина е изграден на четирите слободи на Европа. Слободно движење на стоки, капитал услуги и луѓе. Од оваа иницијатива големи придобивки ќе имаат граѓаните, екомомски пред се. Кога ќе ја видите Европа, ако излезете од Србија кон Унгарија тогаш немате гранични проверки до Скандинавија. Ако одите преку Хрватска, немате граници се до Португалија. Ако одите на југ на секој 100 км имате граница, помеѓу Србија и Северна Македонија и тоа е мачење за луѓето, за економиите, за транспортерите, за логистиката. И затоа се залагам за Балкан без граници. Полесно беше да се вработите во САД, отколку да се вработите во Србија и ова е всушност тоа што сакаме да го направиме на Балканот“ – рече премиерот Ковачевски.