Трилинг: Јавна тајна е дека се соочуваме со сериозен проблем во делот на корупцијата. Дали трагедиите ја отфрлаат потребата од рестартирање на целокупниот систем и зошто нас генерално одговорноста претставува мисловна именка?
Битраков: Апсолутно скандалите, несреќните случаи (сообраќајката во Бугарија на автопатот „Струма“) говорат за корупција во сите сегменти на живеењето. За жал, она што спомнавте, рестартирање на системот е многу тешко бидејќи општествениот систем зависи од луѓето, од индивидуите кои него го креираат. Кога разговараме за корупцијата како да забораваме дека индивидуи се тие кои ја креираат корупцијата во јавниот сектор. Ако е така, треба сериозно да размислиме како да ја смениме моменталната матрица во конотација на поголем отпор, долг и тежок процес е тоа кој што подразбира образование, а не ваков фрагментирам како што го имаме, борба против корупција каде што малку ќе додадеме средства во една институција, па ќе донеесеме некој закон што ќе го претставиме како голем реформски закон. Па во 2019 година избравме нов состав на ДКСК, меѓутоа сето тоа е фрагментирано. Немаме еден сеопфатен пристап каде што ќе го земеме предвид и образованието на граѓаните, уште од основно образование да учат граѓаните што е корупција, меѓутоа и кои се нејзините ефекти. Во администрација селекцијата да биде само на оние на кои можеме да потврдиме дека има интегритет. Што се однесува до политичката одговорност, за корупција, кривичната и сите други видиви дефинитивно ги немаме, судовите и обвинителствата не успеваат да одговорат на тоа. Дел од објективни фактори – не можеме дека Обвинителството ќе може да се справува со корупцијата ако во нивните простории имаат компјутери од 2000 година и само неколкумина вработени. Не може да очекуваме дека ќе има политичка одговорност во ситуација која најголем дел од назначувањата и именувањата во јавниот сектор, по мене, ги вршат колективни тела. Оној кој е директор на јавна институција, доколку тој направи скандал, според мене и тој што го назначил тој директор треба да одговара политички. Ако сум министер и сум директор, треба да одговарам и за неговата работа.
Трилинг: Алудирате дека не е потребна само индивидуална, туку и колективна одговорност?
Битраков: Ние ги сведовме сите именувања или назначувања на ниво на Влада. Директор на даден инспекторат ќе излезе во јавност со некој скандал и ние не можеме да очекуваме дека 20 и кусур министри ќе дадат оставка, меѓутоа кога би бил еден министер оној кој што го назначува директорот, тогаш ќе знаеме кој е одговорен. А ние со дисперзија целосна дојдовме до ситуација никој да не е одговорен за никого. Ако вие ми побарате препорака за некој млад вработен, тој утре ако не е добар на работа, мене ќе ме сметате за одговорен бидејќи сум го препорачал. А овде немаме никој одговорен, целата Влада гласала и тоа ни отвора простор за делење на местата на директори и други високи функции целосно по партиска линија.
Трилинг: Подолг период Македонија се соочува со речиси со проблем во делот од потребата од ефикасна, професионална администрација која ќе им служи на граѓаните. Дали имаме преголе, прегломазна и неефикасна администрација?
Битраков: Имаме грешка уште во терминот реформа во јавна администрација. Се што ќе презентираме како реформа на јавната администрација во суштина не доведуваме до никаков резултат. Немаме стратешки приод, имаме државни стратегии, не ги почитуваме. Во 2018 е усвоена Стратегија за реформа на јавна администрација, не е предвидено формирање на ново министерство. Во 2019 година две третини од пратениците гласаат за формирање на министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците. Тврдам, дека до ден денес никој не знае да објасни што тоа министерство работи. Има илјадници вработени, надлежностите се толку конфузно одредени што не е јасно и се надлежности што останати министерства веќе ги имале.
Трилинг: Јавна тајна е дека ваквите институционални решенија се пред се за задоволување на политичко-партиски апетити?
Битраков: Токму така, кај нас формираме организација за да дадеме некому место министерско, директорско, па потоа наоѓаме надлежност. Ние константно говориме за тоа дека ни е гломазна администрацијата, стратегијата што ја споменав предлага оптимизација на администрацијата. Сега сме 2021-ва, оптимизација нема, ако се погледне бројот на институции од 2016 до денес тој се движи од 1.291 до 1.324, дури и се накачува. Ние немаме никаква политичка волја да работиме. Секоја година МИОА објавува годишен извештај за вработени во јавниот сектор. Секогаш обавуваат 10, 20, па и 30 институции кои немаат ниту еден вработен. Имаат директор, раководно лице и ниту еден вработен. Зошто не се укинат тие институции? Зошто 15 директори да земаат плата, а да не работат ништо? И тука гледаме дека немаме сериозна намера за реформа во администрацијата, барем во организациски аспект. Апсолутно имаме превработеност, но онаму каде што е најлесно да се вработат лица – во јавни претпријатија, локални служби. Од 130.000 вработени во јавниот сектор, најголем дел се вработени по општините, во локални општински училишта и во јавни претпријатија.
Трилинг: Се чини дека се се сведува на декларативно ниво и заложба но како граѓаните да не продолжат со оној тренд со лутање низ бирократските лавиринти, а притоа да добиеме ефикасни институции кои ќе им служат на граѓаните?
Битраков: Првиот предуслов е дигитализацијата, автоматизација на услугите во јавниот сектор. Во 2019 се усвоени модерни закони. Дигитализацијата е до некаде непожелна во јавниот сектор, тоа пред се не им одговара на политичките чинители. Владата дозволи целата дигитализација да се сведува на странски донации, од ЕУ, срамота е Владата да нема своја идеја.