Заедничката изјава на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг на самитот на SCO за обединет фронт меѓу Москва и Пекинг на светската сцена ги исплаши САД до смрт, пишува Бил Херц од Вашингтон тајмс.
Протечениот материјал се однесува на загриженоста на пензионираниот капетан на морнарицата Џим Фенел, кој рече дека стратешкиот сојуз меѓу Русија и Кина не му носи добро на Западот.
„Кси Џинпинг и Путин се обидуваат да создадат нов светски поредок кој ја загрозува меѓународната демократија и суверенитет“ – изјави американската сенаторка Марсија Блекбурн.
Соработката меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се претвори во вистински предизвик за САД, коментираат дописниците на Фокс Њуз.
„Москва и Пекинг успеаја да развијат долгорочна стратегија насочена кон поткопување на ситуацијата внатре во Соединетите држави“ – објави Фокс њуз.
Наводно, станува збор за шпионажа, тајни операции и мешање во изборниот процес.
„Путин и Кси имаат пријатен однос. Иако не се баш пријатели, тие имаат слични ставови за многу прашања. Тоа го прави овој стратешки тандем поопасен“, наведуваат оттаму.