Нови амбасадори во Брисел, Подгорица, Париз и Анкара

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите соопшти нови имиња на четворица амбасадори. Тој инфомира дека е започната и евалуација на веќе упатените амбасадори и најави оти е можно повлекување на одредени амбасадори кои нема да ги исполнат критерумите согласно таа евалуација.

Во седиштето на ЕУ во Брисел ќе биде назначен Зулфи Исмаили, кој, ако што рече Османи е дипломат од кариера кој имал еден мандат во постојаната мисија во брисел и мандат во мисијата на ОН во Њујорк.

Виктор Димовски, кој досега беше директор на Агенцијата за национална безбедност, ќе замине во Париз, Зекир Рамчиловиќ во Подгорица и Јово Манасијевски во Анкара.