Пожар во Министерството за култура

Во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат, соопштуваат од институцијата.

Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено. Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета.