Скандал во Шпанија, претседателот на ФС организирал оргии, а плаќал со сметка на сојузот

Скандал во Шпанија, по објавата на повеќето шпански медиуми дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Луис Рубиалес се сомничи за организирање оргии во неколку наврати кои ги плаќал со пари од сметката на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

„Ел Мундо“ објави за оваа информација и ја шокираше шпанската фудбалска јавност, па се најде под неверојатен притисок за само неколку часа поради што се очекува негово обраќање.

Тој организирал приватни забави кои подоцна прераснале во оргии, а плаќани од сметката на федерацијата. Сето тоа се одвивало во близина на Гранада, а информацијата индиректно ја откри близок роднина на претседателот кој порано и сам бил вработен во фудбалскиот сојуз.

Шпанците пишуваат дека Рубиалес сето тоа го организирал под изговор дека се работи за работни состаноци на сојузот и ги повикувал само најблиските соработници од Фудбалскиот сојуз.