Данела Арсовска – градоначалничката на Скопје денеска на Советот на Град Скопје го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски велејќи дека се крие и не сака да се појави.
„Кога лажете и мафтате со документи и ви се тресе рачето. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Каде се крие Мицкоски? Имаме одговор? Го нема никаде, се крие. Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни и храбри луѓе. Мицкоски за жал, не е еден од тие“ – рече Арсовска.
Таа додаде за смената на директорот Златко Перински.
„Како до вчера бев најдобриот градоначалник, а сега кога им го фатив директорчето со рачето во медот, не чинам“ – изјави Арсовска.