Трилинг: Што ви ја одбележа 2021. година?
Наташа Мијатовиќ–Мијата: 2021. година ми беше многу успешна година на приватно поле, во смисла како тетка. Многу сум горда што моите внуци успеаа да си ги остварат своите соништа, внукот се запиша на Воена академија, а внуката на Ликовна академија. Фамилијарно оваа ни е многу значајна година. Исто така, основавме Здружение за подобро воздухопловство и организиравме еден многу интересен настан „Skopje Air Fair“. Авикон е името на здружението и е наменето за едукација на младите и приближување на воздухопловството. 2021. година дефинитивно ќе ми биде така означена, со тие мисли и емоции и тие постигнувања.
Трилинг: Што очекувате од 2022. година?
Наташа Мијатовиќ–Мијата: 2022. година посакувам да биде во знак на мојот втор албум, со работен наслов „Вида”. Се надевам дека ќе успеам да го завршам и дека ќе го крунисам со еден голем концерт, нормално ако дозволат условите и пандемијата.