Шумски пожар во Колорадо, уништени 1.000 домови, исчезнати најмалку 3 лица

Над 1.000 домови се уништени во шумскиот пожар во западната американска држава Колорадо, соопштуваат локалните власти. Засега најмалку 3 лица се водат како исчезнати.

На 30. минатиот месец шумскиот пожар принуди околу 30.000 жители да ги напуштат своите домови во општините Луисвил и Супериор, северно од Денвер.

Шерифот на округот изјави дека 991 градба е уништена, а уште 127 се оштетени. Тој рече дека три лица се потврдени како исчезнати. Стравувањата се дека се мртви бидејќи нивните домови биле уништени во пожарот.

Истрагата за причината за пожарот продолжува.

Претседателот на САД – Џо Бајден вчера одобри прогласување на катастрофа.