Пленковиќ закачи корона

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ повторно има корона и му е одредена мерка изолација, објави хрватската Влада на Твитер.

„Премиерот Андреј Пленковиќ утрово беше тестиран за присуство на Ковид-19, со оглед на тоа што вчера му се појавија симптоми на болеста и резултатот беше позитивен. следејќи ги сите упатства на лекарите и епидемиолозите“ – напишаа на Твитер.

Тој го овласти вицепремиерот и министер за хрватски бранители Тома Медвед да свика и да претседава со владини седници и да потпишува владини акти.

Имајќи предвид дека премиерот, како и другите членови на Владата, беше вакциниран против болеста Ковид-19, потсетуваме дека вакцината не штити целосно од можност за зараза, но обезбедува заштита од потешки форми на болеста.

Членовите на Владата и колегите кои беа во близок контакт со премиерот ќе ги почитуваат препораките на Хрватскиот институт за јавно здравје за справување со блиски контакти заразени со коронавирус, што вклучува носење заштитна маска, самотестирање и други мерки на претпазливост“ – се вели во владино соопштение.