Фон дер Лајен: Русија манипулира со пазарот на гас

Урсула фон дер Лајен – шефицата на ЕК вели дека пазарот на гас „повеќе не функционира ” и дека Русија „манипулира” со него за да ја казни Европа за поддршката за Украина.

„Тие претпочитаат да го согоруваат својот гас отколку да го испраќаат во Европа“ рече таа.

Фон дер Лајен ја повика ЕУ да го следи примерот на Европејците кои се прилагодуваат на недостигот на енергија, наведувајќи ги особено работниците во фабриката за керамика во Италија „кои решиле да работат рано наутро за да имаат корист од пониските цени”.

Таа предлага ограничување на „приходите на компаниите кои произведуваат електрична енергија по ниска цена” и „кризен придонес” од производителите на фосилни горива. Се надева дека тоа ќе ослободи 140 милијарди евра.

„Тешко е да се прифати дека некои ја користат војната и прават мега-профити на грбот на граѓаните“ – рече таа.