Спикерот на Парламентот, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за референдум зад која стои потписот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според образложанието, иницијативата не е во согласност со Членот 118 на Уставот на Македонија, како и со со Членот 8, Став 1 и Алинеја 11 .
Според член 118, стои во одговорот на Џафери, меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот не можат да се менуваат со закон, додека со Членот 8 е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на РСМ е и почитување на општоприфатените норми на меѓународното право.
„Поради горенаведеното граѓанската иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво“, порачува Џафери во одговорот до Мицкоски.