Османи: Половични решенија не носат долгорочен мир
Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека половични решенија како резултат на дијалогот меѓу Косово и Србија не носат долгорочен мир.
По завршувањето на Самитот, Брдо-Бриони изјави дека меѓусебното признавање е единственото решение за постигнување на посакуваниот мир и приближување на земјите до Европската унија, пренесува „Бета“.
„Не сме имале билатерални разговори, секако дека имаме многу несогласувања со [српскиот] претседател Александар Вучиќ, а тоа се случува затоа што Србија не ја прифаќа реалноста дека Косово е независно и суверено, што е неповратна реалност“ – рече Османи.
Според неа, има многу работи за кои тие не се согласуваат, но дијалогот треба да биде насочен кон „взаемно признавање“, а „Србија треба што поскоро да се ангажира конструктивно за да се постигне меѓусебно признавање“.
„Секое полурешение нема да донесе долгорочен мир, меѓусебното признавање е единственото нешто што го носи посакуваниот мир во регионот и пошироко и не приближува до ЕУ, што е наша цел“ – рече претседателката на Косово.