Кенгур – домашен миленик нападна и повреди маж во југозападна Австралија, кој починал од повредите, соопшти локалната полиција.
Се вели дека тоа е првиот фатален напад на кенгур во Австралија од 1936 година.
Мажот (77) бил пронајден со „тешки повреди“ на неговиот имот во Редмонд, 400 километри југоисточно од градот Перт.
Се верува дека мажот бил нападнат од кенгур порано во текот на денот. Животното било убиено од полицијата бидејќи не дозволувало итната помош да му пријде на повредениот.
Полицијата верува дека жртвата чувала див кенгур како домашно милениче.