Премиерот на Косово – Албин Курти во разговор со поранешниот шеф на Меѓународната граѓанска канцеларија – Питер Фејт оцени дека Косово е „најдемократската земја на Западен Балкан“.
„Се собравме да ја прославиме 10-годишнината откако Косово стана суверено и целосно независно“ – рече Курти и нагласи дека Косово е „сега најдемократската земја на Западен Балкан“.
Тој оцени дека напредокот во владеењето на правото е во согласност со економскиот напредок и нагласи дека Косово е „сигурен партнер на меѓународната сцена“.
Фејт, пак, оцени дека мудрото раководство на Курти ќе овозможи заштита на интересите на Косово. Смета дека Брисел не бил многу заинтересиран за неговата улога, но тој решил да ја спроведе долгата листа на планот на Ахтисари.