Украинска порака до Медведев: Да најде бункер во кој ќе се скрие!

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина – Олексиј Данилов одговорил на заканите од заменикот и сојузник на Путин, Дмитриј Медведев.

Според написите, тој му рекол да „најде бункер за да се скрие“.

Медиумите потсетуваат дека Медведев му се заканил на режимот во Киев и рекол „дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат“.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на земја како Северна Кореја и бункерот во кој ќе се крие, конечно нека престане да пишува „Русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле“ – објавил Данилов на Твитер.