Каталонците повторно се на нозе со барање за отцепување од Шпанија. Десетици илјади Каталонци побараа независност.
Под мотото „Се враќаме на победа: Независност!“ вчера десетици илјади Каталонци протестираа на улиците на Барселона. Организаторот на протестот, сепаратистичкото движење на граѓани АНЦ соопшти дека вчера протестирале околу 400.000 луѓе, додека според полицијата – 108.000 лица. Пред пандемијата на вакви протести учествувале над еден милион луѓе. Но, и меѓу самите Каталонци има несогласувања. Левичарската партија ЕРЦ на регионалниот претседател Пере Арагонес, е подготвена да преговара со Мадрид, додека партијата Јунтс, која инсистира на отцепување, се во конфликт. Двете партии се дел од владејачката коалиција. Според анкетите околу 50 отсто од населението сака независност, додека другата половина не. Но, Мадрид не прифаќа референдум затоа што тоа било спротивно на Уставот.