Храна нема да недостасува, уверува министерот за земјоделство

Македонија ќе го зголемува домашното производство на храна. Министерството за земјоделство ќе ги реорганизира сите програми за да се намали увозот на основни производи од други држави. Главниот фокус е ставен на субвенциите. Ресорниот министер вели средствата нема да се кратат, туку ќе се распределат.

Основната субвенција е за обработливото земјиште, а дополнителната ја врзуваме со доказ дека имаме произведено земјоделско производство, односно култури кои ќе бидат продадени кај регистрирани трговци или преработувачи. Не може за напуштени лозја, напуштени овошни насади за кои не се применуваат сите агротехнички мерки, за коишто фармерите не се грижат или истите се одржуваат само за да се добијат субвенции. Не може да се добијат субвенции за такви насади“ – Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Годинава е двојно зголемено и производството на сончоголед, како суровина за масло за јадење, тврди министерот. Истовремено, предлага и домашното млеко да заврши во нашите капацитети, иако потенцираше дека засега имаме доволно залихи. Доколку дојде до недостиг ќе си помагаме со Србија и Албанија во рамки на „Отворен балкан“.

Преку инструментите на „Отворен Балкан“ ќе се обезбедуваат доволно прехрабени продукти во секој поглед. Така ќе биде и за млекото. Нашата поддршка и промена во политиките ќе биде сериозна. Предлагаме за 30% зголемување на основните субвенции по грло во делот на сточарството, ги елиминираме сите мерки кои се злоупотребуваа досега“– Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Паралелно Николовски најави дигитализација, олеснети административни процедури, но и задолжително осигурување на посевите веќе од 2024 година. Предлог мерките денеска се дискутираат на агро-советот, по што ќе следи и дебата со сите засегнати страни.