Во косовската полиција пријавен уште еден случај на сексуално насилство над малолетничка

Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Фадиљ Гаши потврди дека е пријавено дека малолетничка била силувана од полнолетен маж, во општината Исток, пренесоа приштинските медиуми.

Директорот на косовската полиција поднесе оставка по случајот со силувањата на малолетничката.

„Инцидентот се случил на 9 август, но жртвата не го пријавила случајот веднаш поради страв. Инспекторите работат на случајот и на осомничениот му е одреден притвот од 48 часа, изјави Гаши.

Пред 10 дена беше пријавен случај на силување на 11-годишно девојче во Приштина, што доведе до бран протести на Косово, но и во Албанија.

Во првите седум месеци од годинава во косовската полиција се пријавени 41 случај на силување, објави ковово-онлајн.