Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралица Елизабета Втора

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска ќе присуствуваат на државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември во Лондон, информираат од неговиот кабинет.

Додека Британија тагува за смртта на монархот со најдолг стаж, во Лондон веќе се во тек подготовки за она што се наговестува дека ќе биде една од најголемите дипломатски прилики на векот.

Голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви, се очекува да присуствуваат на државниот погреб на кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора која што почина во својата 96 година од животот.

Џо Бајден, Урсула фон дер Лајен, Серџо Матарела и Франк-Валтер Штајнмаер ќе бидат дел од присутните на погребот.

На погребот најверојатно ќе присуствува и јапонскиот цар Нарухиттурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон.

Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора ќе биде во Вестминстерската палата во Лондон на 19 септември.