Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е изненаден од тоа колку поранешниот американски претседател Доналд Трамп продолжил да го фали својот руски колега Владимир Путин, дури и откако Москва ја нападна Украина.
„Верувам дека имаше доволно време, и повеќе, да разбере кој е Путин“, изјави Зеленски за Си-ен-ен.
Зеленски рече дека е невозможно Трамп да не знае колку Путин е спротивен на вредностите на американскиот народ.
„Верувам дека Трамп беше на толку висока позиција каде што е невозможно да не се препознае дека Путин е токму спротивното од вредностите на неговиот народ. Трамп ја имаше сета расположлива моќ на државата – разузнавачки податоци, податоци – за да создаде психолошки профил“, додаде Зеленски
Зеленски рече дека е „изненаден“ од однесувањето на Трамп по почетокот на нападот врз Украина.
„Веројатно требаше да ја промовира својата внатрешна политика за да покаже дека е подготвен да најде разбирање со претседателот на Русија“, рече Зеленски.