Разрешен е директорот на „Водовод“

Разрешен е директорот на „Водовод“ – Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.

„Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година“ велат од Градот.