Десетици илјади Каталонци под мото „Се враќаме на победа: Независност!“ протестираа на улиците на Барселона барајќи независност од Шпанија.
Левичарската партија ЕРЦ на регионалниот претседател Пере Арагонес, е подготвена да преговара со Мадрид, додека партијата Јунтс, која инсистира на отцепување, се во конфликт. Двете партии се дел од владејачката коалиција.
Регионалниот шеф на Владата за првпат по долго време не учествуваше на митингот за независност. Во краток говор, Арагонес повторно повика на референдум за независност.
Владата во Мадрид тоа го отфрла, истакнувајќи оти тоа не е предвидено во Уставот. Населението на Каталонија е поделено.
Според анкетите – околу 50 отсто од населението сака независност, додека другата половина не.