Францускиот претседател Емануел Макрон му порачал на својот руски колега Владимир Путин дека руската окупација е причина за опасност за украинската нуклеарна централа во Запорожје и побара од него да го повлече „тешкото и лесно оружје“, соопштија од Елисејската палата.
Кремљ претходно објави дека Путин во телефонски разговор со Макрон го предупредил францускиот претседател за можните катастрофални последици од украинските напади врз нуклеарната електрана, која е во рацете на руските сили.
Електрана на југот на Украина беше бомбардирана неколкупати во последните недели, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите.