Ковачевски: Постигнавме за 30 проценти повисоки откупни цени за „смедерeвката“ и „вранецот“

„Лозарството и винарството се наша вековна традиција, произведуваме вино со светски познат квалитет, и сме еден од лидерите по извоз на вино во регионот. Тоа е резултат на еднаквата поддршка која Владата преку соодветни и навремени мерки ја дава и за лозарите и за винариите. Заедно со лозарите и винариите договоривме мерки за полесно справување со претстојната криза. Историско е зголемувањето од 30% на откупна цена на “смедеревката’ и ‘вранецот’, изјави премиерот Димитар Ковачевски” во Кавадарцим, за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022″.

Ковачевски нагласи дека субвенциите за одржливи површини се редовни, дека субвенцијата на зелената нафта стигнува и до 100 проценти, а на располагање, рече, е и Интервентниот фонд. Премиерот, кој посака успешна и бериќетна лозарска година, изрази увереност дека, како што рече, заедно ќе бидат надминати сите предизвици кои ги носи претстојната криза. Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека го радува што земјава е втор најголем извозник на вино во регионот, но и една од најголемите извозници во светски рамки на вино.

„И не само што сме големи извозници во европски рамки, туки и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за две третини е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што Владата ги спроведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и, секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година“, рече премиерот.

Тој е сигурен дека „Винска визија на Отворен Балкан“ одржана неодамна во Белград, каде, нагласи, беше потврден Верувам дека со големиот квалитет кој што нашите вина го имаат и што беше потврден високиот квалитет на македонските вина, ќе претставува уште поголем поттик како за производителите на грозје, за сопствениците и менаџерите на винариите, така и за државата оваа стратешка гранка да ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделство.