Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија, каде што нејзиното тело ќе биде изложено четири дена.
Ковчегот на кралицата – кој лежи во Салата за танц во замокот Балморал – ќе биде однесен по пат до Палатата Холирудхаус во Единбург во недела на 11 септември, на шестчасовно патување со погребна кола.
Персоналот на Балморал и оддава последна почит на кралицата пред утре таа да биде пренесена во Единбург, а ковчегот ќе патува низ Абердин четири часа. Таму ќе биде 24 часа пред да биде пренесен, најверојатно со авион, во Лондон во вторник. Се смета дека ковчегот со покојниот монарх утре во 10 часот ќе го напушти Балморал со автомобил што ќе ја однесе низ Абердин, Данди, Перт, а илјадници луѓе се очекува да ја поздрават за последен пат.
По напуштањето на Балморал утре околу 10 часот, ковчегот на кралицата ќе отпатува во Абердин пред да биде однесен во главниот град на Шкотска. На пат кон главниот град автомобилот ќе помине и низ градовите Данди и Перт Кралицата ги помина последните месеци во нејзината шкотска резиденција Балморал. Нејзиниот ковчег ќе патува низ нејзиното омилено село во Абердиншир на пат кон Единбург.
Кога ковчегот ќе пристигне во Единбург, ќе биде однесен во палатата Холирудхаус, официјалната резиденција на Нејзиното Височество Кралицата во Шкотска, пред да се одржи служба во катедралата Сент Гилс во вторник.