„Бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) во врска со темата за Република Северна Македонија ќе биде свикан во првата половина на јануари“. Ова денеска го изјави бугарскиот претседател – Румен Радев.
„Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес“ – рече Радев.
За главни приоритети во неговата работа во вториот мандат го истакна зајакнувањето на државноста, поголема правда, повеќе законитост, заштита на националните интереси и создавање на сите потребни услови и поддршка на институциите во нивната работа.