Фаучи: Сојот на коронавирусот – Омикрон го пустоши светот

Американскиот инфектолог и советник за пандемија во Белата куќа – Ентони Фаучи изјави дека Омикрон – сојот на коронавирусот го пустоши светот, но дека вакцинираните и оние кои примиле засилена доза не треба да се грижат доколку ги следат мерките и носат маски на преполни места.

Фаучи предупредува на ширење на заразата пред божиќните и новогодишните празници, кога патуваат голем број луѓе и во ситуација кога и покрај достапните вакцини, има „толку луѓе кои не се вакцинирани“ и кои „создаваат проблеми“ за американскиот болнички систем.