Се проширува аферата со прислушување во Грција откако левичарски опозициски пратеник рекол дека и неговиот телефон бил компромитиран.
Христос Спирцис, поранешен министер и пратеник на Сириза бил информиран дека неговиот телефон бил хакиран од „Предатор“, а тој тоа го пријавил кај главниот обвинител.
На списокот на мета се и социјалистичкиот водач и европратеник Никос Андрулакис, како и Танасис Кукакис.
Откако изби скандалот, конзервативната влада на Нова демократија рече дека не го купила „Предатор“, но призна дека тајните служби „легално“ го шпионирале социјалистичкиот лидер.
Собраниската анкетна комисија формирана за да го испита скандалот не донесе никакви резултати имајќи предвид дека поранешниот шеф на тајните служби и генералниот секретар на премиерот, кои и двајцата поднесоа оставки по скандалот, одбија да ги објаснат причините за шпионирањето на лидерот на грчката опозиција.