Новиот британски крал денеска ќе и се обрати на нацијата

Британскиот крал Чарлс III. денеска ќе и се обрати на нацијата, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, на 96-годишна возраст.

Чарлс Трети, кој побрза да биде со кралицата пред да умре во нејзиниот шкотски дом вчера, отпатува назад во Лондон со сопругата Камила пред да се сретне со премиерот и да и се обрати на нацијата. Сочувството од целиот свет продолжува да стигнува до кралот и кралското семејство поради смртта на Елизабета Втора, монархот со најдолг стаж во Британија. Таа на светската сцена беше присутна седум децении.

Во Лондон илјадници луѓе се собраа пред Бакингемската палата, а веста за смртта на кралицата беше дочекана со молк додека знамето беше спуштено на половина копје. Чарлс III, кој автоматски стана крал на Обединетото Кралство и владетел на 14 други земји на Комонвелтот, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Нов Зеланд, рече дека смртта е момент на голема тага за него и неговото семејство.

Новиот крал треба да се сретне со премиерката Лиз Трас пред да и се обрати на нацијата,пренесе Индекс.хр.