Потер е новиот менаџер на Челси

Греем Потер е новиот менаџер на лондонски Челси.

Актуелниот предводник на Брајтон, доби дозвола од клубот да се договори со Сините, договорот е постигнат, и во следните часови треба да пристигне и официјализација на трансферот.

Од првиот момент кога Томас Тухел доби отказ, 47-годишниот Потер се спомнуваше како прв кандидат за преземање на функцијата.

За него, Челси на Брајтон ќе треба да му плати околу 18 милиони евра.

Дебито на клупата на Челси, Потер ќе го има в сабота од 13.30 часот против Фулам.

Инаку, Потер од 2011 до 2018 година, го водеше шведски Остерсундс. Кога го презеде тимот, беше во четврта лига, а кога си замина во 2018, веќе беа стабилни прволигаши и од тогаш редовно се во елитата.