Курти: Колку е подемократско Косово, толку Србија е поагресивна
Премиерот на Косово, Албин Курти коментира дека учебната година во сите училишта во Србија почнала со пеење на химната „Божја правда“, оценувајќи дека тоа е „знак за слабеење на Србија“. Според Коха, Курти рекол дека колку Србија е послаба во однос на „Косово“, толку е „се поагресивна“.
„Косово е независна, суверена и демократска држава, посветена на сите граѓани без разлика, но и на Албанците во Србија“ – рече Курти.
Албанците во Србија, уште еднаш тврди, се дискриминирани, наведувајќи дека „сведоци“ биле и министрите на привремените приштински институции кои неодамна ги посетија општините Бујановац и Прешево.
„На ова засилено насилство на Србија, кое се врши дури и врз Србите во Косово, се ближи крајот. Како што Косово станува подемократско и независно, тоа се одразува и во реципроцитетот кон Србија“ – рече Курти.